dic

февруари 15, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање стручен испит за наставници и стручни соработници во пролетниот испитен рок 2021 година

Државниот испитен центар согласно член 2 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/19), организира стручен испит за приправниците кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат истиот.
Оваа испитна сесија Државниот испитен центар ќе ја реализира на крајот на месец март и во текот на месец април 2021 година.
Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште („Службен весник на Република Македонија” бр.27/96) и член 11 од Правилникот за условите и начинот на полагање на стручниот испит на наставниците и стручните соработници во јавните средни училиште („Службен весник на Република Македонија” бр.27/96), приправниците во училиштата кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит доставуваат:

Пријава за полагање на стручен испит со следната документација:
1. Уверение за завршен приправнички стаж во училиште во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж (заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж).
2. Мислење од менторот за работата на приправникот во текот на реализацијата на приправничкиот стаж (заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж).
3. Мислење од највисокиот стручен орган на училиштето во кое е вработен приправникот за неговата воспитно-образовна работа во текот на приправничкиот стаж (заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж).
Училиштето во кое работи приправникот да направи проверка по кој пат (прв, втор и т.н.) полага приправникот и истото да го нагласи во мислењето од наставничкиот совет.

4. Домашна писмена работа (во два примерока). Избраната тема за изработка на домашната писмена работа приправникот треба да ја истражи и разработи од аспект на нејзината практична применливост во непосредната наставна работа во потесното стручно подрачје на приправникот. Насоките за изработка на домашната писмена работа се дадени ТУКА. За приправниците кои наставата ја изведуваат на јазиците на заедниците, еден примерок од домашната писмена работа да достават на јазикот на соодветната заедница и еден примерок на македонски јазик.

5. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за остварен работен стаж на приправникот од една календарска година.

6. Диплома или Уверение за завршено соодветно образование (во оригинал или заверена на нотар).

7. Уверение за здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитиран универзитет (само за приправници на кои им е потребна наведената подготовка согласно нормативот за наставен кадар од наставната програма). (во оригинал или заверена на нотар).

8. Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит (уплатница во оригинал).

Пријавата со комплетната документација се доставува ИСКЛУЧИВО ПО ПОШТА до Државниот испитен центар со адреса на ул.„Васил Ѓоргов“ бб., 1000 Скопје, испратена најдоцна до 15.03.2021 година (понеделник).

• Приправниците од основните училишта во пријавата за полагање на стручен испит треба да го наведат одделението во кое изведуваат настава и наставниот предмет.
• Приправниците од средните училишта во пријавата за полагање на стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава и наставниот предмет.
• Приправниците од средните стручни училишта во пријавата за полагање на стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава, предметот и видот на струката.
• Приправниците од уметничките училишта во пријавата за полагање на стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава, предметот и видот на уметност.

Кандидатите за полагање на стручен испит уплаќаат средства во висина од 1.600,00 (илјада и шестотини) денари на уплатница пополнета на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за стручен испит на приправници во училишта-пролетен испитен рок 2021 година;
Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија;
Банка на примач: Народна банка на Република Северна Македонија;
Трансакциска сметка:100000000063095;
Сметка на буџетски корисник: 1600261506 787 16;
Приходна шифра: 723013;
Програма: 30.

НАПОМЕНА: Прашањата за проверка на општите знаења во врска со законско-нормативната регулатива и организацијата на дејноста ќе бидат од актуелните законски прописи од областа на образованието.

Некомплетна и ненавремено доставена документација нема да се разгледува и истата ќе биде
вратена.

ЗАБЕЛЕШКА:
• Кандидатите кои доставиле комплетна документација за полагање на стручен испит во Државен испитен центар во претходните испитни рокови, а биле оправдано отсутни треба да достават само нова пријава за полагање на стручен испит.
• Кандидатите кои не ги исполнувале условите за полагање на стручен испит во Државен испитен центар во претходните испитни рокови, а сега ги исполнуваат условите треба да достават нова уплатница и комплетна документација (погоре наведена).
• Кандидатите кои не го положиле стручниот испит во Државен испитен центар во претходните испитни рокови, треба да достават нова уплатница и пријава.

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР

Новости
About Artan Abdulla

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *