Blog

јануари 27, 2017

Испит за директори на основно училиште

На 03.02.2017 година (петок) со почеток во 14:00 часот во просториите на Државниот испитен центар ќе се одржи испит за директор на ОСНОВНО училиште.

Заинтересираните кандидати, треба да достават:

  • Пријава за полагање на испит (симни пријава);
  • Уплатница за испит за директор на сума од  3100,00 ден.  на сметка на Државниот испитен центар (види уплатница 1);
  • Завршната семинарска работа во три печатени примероци;
  • Шестте  семинарски работи изрежани на CD.

Кандидатите најдоцна два дена пред закажаниот испит треба да ги достават пријавите за полагање до Државниот испитен центар лично или на факс 02 3228 866.
Кандидатите кои го положиле испитот за директор на основно училиште уверението може да го подигнат со приложување на уплатница за уплатени 500,00 денари на сметка на Државниот испитен центар (видиуплатница 2).Кандидатите кои обуката ја завршиле пред 2010 година кај претходно акредитирани провајдери, покрај горенаведеното треба да достават и доказ за завршена обука за директор на основно училиште.
За повеќе информации обратете се на тел. 02 3203 130

Uncategorized, Новости
About admin