Државниот испитен центар на 26.01.2022 година реализираше обука на далечина на директорите и училишните координатори за спроведување на ТИМСС 2023 студијата од 30 основни училишта опфатени со пробното тестирање.
Целта на обуката беше директорите и училишните коодинатори да се запознаат со важноста нa учеството во меѓународните студии, досегашното учество на нашата држава во ТИМСС студијата и претстојните активности во реализација на ТИМСС 2023.