dic

март 10, 2023

Известување до медиуми

Известување до медиуми 

од 

 ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР 

 

 

Почитувани, 

 

Согласно законската обврска на ДИЦ, во 2022година спроведени се испити за директори на 30-тата испитна сесија во јули и 31-та испитна сесија во август 2022 година. 

Кандидатите од 32-та испитна сесија кои завршија обука во септември 2022година, започнаа со полагање во ноември 2022година, но поради утврдени неправилности на Државниот просветен инспекторат, сесијата беше поништена во декември 2022година. 

Во тек е постапка пред Државната комисија за одлучување на управна постапка и постапка од работен однос во втор степен по поднесената жалба на членовите од испитната комисија и администраторот, како и жалбена постапка пред Управен суд од испитната комисија и администраторот. 

Ги информираме кандидатите од 32-та Испитна сесија дека Државниот испитен центар согласно разгледаната документација утврдено е дека во делот на содржината за полагање на првиот и вториот дел од испитот не се најдени забелешки и според тоа цениме дека тие два дела би биле прфатени од страна на комисијата за да продолжи процесот.  

 

Новости
About admin