Се известуваат кандидатите за директори кои се пријавија за полагање на испитот за директор во априлската испитна сесија дека согласно Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од Вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивната примена (Службен весник на РСМ, бр.75/21), забрането е организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 6.4 до 20.4.2021 година.
Имајќи го тоа предвид априлската испитна сесија за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и граѓански универзитет за доживотно учење се одложува.
Во зависност од епидемиолошката ситуација, на нашата веб страна дополнително и навремено ќе бидете известени за точниот термин за одржување на испитната сесија.
Воедно ве известуваме дека периодот за пријавување на испитот се продолжува до 14.04.2021 година – среда.