dic

март 23, 2021

Дополнителна испитна сесија

За учениците кои се пријавиле да полагаат државна матура во јунската испитна сесија 2021 година, а кои во определените термини за испити (5 и 11 06.2021 г.) се
позитивни на Ковид 19 или се во изолација, се планира да се реализира дополнителна јунска испитна сесија. Државниот испитен центар навремено ќе ги објави точните датуми за дополнителната јунска испитна сесија.
Тие ученици ќе треба да приложат официјални документи, поточно решенија одобрени и потпишани од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со архивско бројче и печат. Гаранција за валидноста на овие решенија ќе се потврдува во училиштата кои ќе бидат должни да водат евиденција за истите.

Новости
About Artan Abdulla