Државниот испитен центар на 19.02.2021 година реализираше работна средба на далечина со сите директори на средните училишта и секретарите на училишни матурски комисии. Целта на средбата беше директорите и секретарите, а преку нив и останатите наставници и ученици да се запознаат со новините во државната матура откако успешно завршија преговорите со Сојузот на средношколци.
Средбата ја водеа директорката на Државнит испитен центар м-р Елизабета Наумовска и раководителот на Секторот за испити, ИТ и истражувања д-р Бети Ламева.