Државниот испитен центар на 27.11.2020 година реализираше тричасовна средба на далечина со сите секретари на училишни матурски комисии. Целта на средбата беше секретарите, а преку нив и останатите наставници и ученици да се запознаат со новините во државната матура во учебната 2020/2021 година. Предавач на средбата беше д-р Бети Ламева. На средбата покрај презентација за државната матура учесниците имаа можност да постават прашања за сите нејаснотии и дилеми во врска со државната матура. Во продолжение на средбата беше одржана и обука за внес на податоци во базата на податоци за државна матура.