dic

ноември 10, 2020

ВЕБИНАР ЗА МЕЃУНАРОДНАТА СТУДИЈА ПИСА 2021

Министерството за образование и наука, во соработка со Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието, на 29.10.2020 година организираше вебинар посветен на меѓународната студија ПИСА 2021 во која, покрај Република Северна Македонија, учествуваат повеќе од 70 држави од целиот свет.

На вебинарот се обрати министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска која го истакна значењето на учеството во меѓународните тестирања. Таа ги потенцираше очекувањата за подобри резултати од меѓународните тестирања за кои сите чинители активно ќе се залагаат.

Предавачи на вебинарот беа:

  • д-р Бети Ламева, раководител на Сектор за испити, ИТ и истражувања во Државниот испитен центар;
  • Гордана Јанакиевска, раководител на Одделението за следење и евалуација на постигањата на учениците и наставниците, во Бирото за развој на образованието;

Предавачите ги информираа учесниците за суштината, значењето и активностите поврзани со меѓународната студија ПИСА 2021. Учесниците добија детални информации за резултатите од ПИСА2018 и насоки во кои делови посебно треба да се работи за да се подобрат тие резултати. Од презентацијата на вебинарот учесниците добија информации и за применливоста на знаењата и вештините во решавање реалните проблеми што се основа на задачите во ПИСА.

На следниот линк можете да ја погледнете целосната снимка од вебинарот.

https://www.youtube.com/watch?v=gilvk4OOgnM&feature=youtu.be

Новости
About admin