Ве информираме дека 20-та испитна испитна сесија (јануари 2020 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:
- Прв дел на испитот – 20.01.2020 (од 15:30 ч.)
- Втор дел на испитот – 27.01.2020 (од 15:30 ч.)
- Трет дел на испитот –29.01.2020 (од 15:30 ч.)
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот 09.01.2020 – 16.01.2020 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.