Ве информираме дека втората испитна сесија во 2018 година за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:
- Прв дел на испитот – 16.02.2018 (од 15 ч)
- Втор дел на испитот – 28.02.2018 (од 08 ч)
- Трет дел на испитот – 05/06.03.2018 (од 12 ч)
Ги молиме кандидатите за испит да ги достават комплетните документи во Државниот испитен центар најдоцна до 08.02.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на Бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.