Почитувани,
Ве известуваме дека испитот за директори ( прв дел-Практична проверка на компјутерски вештини) ќе се полага на 14.06.2017 г., во 16 часот, додека вториот дел-Проверка на способноста за примена на теоретските знаења – на 19.06 2017 година во 16 часот.
Испитите ке се одржат во просториите на АСЕКО на ул.Христо Смирненски 46 , 1000 Скопје ( за ориентација на адресата посетете го следниот google линк : https://www.google.com/maps/dir//41.9960928,21.4145148/@41.9959532,21.4139543,18.5z
За датумот на трет дел од испитот ке бидете благовремено информирани.
За полагање на испитот потребно е да поднесете:
– пријава за испит;
-носач на електронски запис (Ц Д) со шестте семинарски трудови од модулите;
-потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет;
-примерок од уплатница за уплатени средства во износ од 6 100 ден.
Пријавата заедно со останатите наведени документи да се достават до ДИЦ најдоцна до 12.06.2017 г.
Само кандидатите кои навремено ке ги достават сите горе наведени документи ќе имаат право да го полагаат испитот.