ТИМСС

ТИМСС (TIMSS Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и природната група предмети во четврто и во осмо одделение. Преку прашалниците за ученици, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците. Мерењето на постигањата во оваа студија има две димензии: содржинска и когнитивна. Mеѓународната организација за вреднување на образовните постигања (IEA – International Association for the Evaluation of Educational Achievement) е главен организатор на TIMSS, а активностите се раководени од Меѓународниот студиски центар во Бостон (International Study Center, ISC).

Нашата држава има учествувано со популација:

– од осмо одделение во циклусите:

  • TIMSS-R 1999
  • TIMSS 2003
  • TIMSS 2011

– од четврто одделение во циклусот

  • TIMSS 2019

TIMSS 2019 – Извештај за постигањата на учениците во Република  Северна Македонија од тестирање TИМСС 2019
ДЛАБИНСКА АНАЛИЗА ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ТИМСС2019 (за држави од Западен Балкан)
TIMSS 2019 – Резултати
TIMSS 2019 – Извештај за постигањата на учениците во Република Македонија од пробното тестирање Timss2019
TIMSS 2011 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
TIMSS 2001 – Извештај за постигањата на учениците по биологија и хемија во РМ-МАК.pdf
TIMSS 2001– Извештај за постигањата на учениците по географија и физика во РМ-МАК.pdf
TIMSS 2001 – Извештај за постигањата на учениците по математика во РМ-МАК.pdf