Државниот испитен центар на 09.12.2020 година реализираше состанок на далечина со сите директори на средните училишта. Целта на состанокот беше директорите, а преку нив и останатите наставници и ученици да се запознаат со новините во државната матура во учебната 2020/2021 година. Средбата ја водеа директорката на Државнит испитен центар м-р Елизабета Наумовска и раководителот на Секторот за испити, ИТ и истражувања д-р Бети Ламева.