ПИРЛС

ПИРЛС (PIRLS – Progress in International Reading Literacy Study) е меѓународната студија за проверка на оспособеноста на учениците од 9-10 – годишна возраст за читање со разбирање. Таа е фокусирана на три аспекти поврзани со читањето:

  • процесот на разбирање;
  • целите заради кои учениците читаат;
  • навиките и ставовите за читањето.

Преку прашалниците за ученици, родители, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците.

Меѓународната организација за вреднување на образовните постигања (IEA) ја раководи организацијата и реализацијата на оваа студија. Стручната работа и менаџментот на студијата го води Меѓународниот студиски центар (ISC) во Бостон Колеџ.

Нашата држава има учествувано во следниве циклуси на мерење:

  • ПИРЛС 2001
  • ПИРЛС 2006

Во тек е подготовка и реализација на  ПИРЛС 2021 во која покрај нашата држава учествуваат околу 50 држави од целиот свет.