dic

март 3, 2017

Информација за обука на директори

Ве известуваме дека во тек е формирање на нова група  за обука на кандидати за директори согласно новиот Закон  за обука и испит за директор,на основно училиште,средно училиште,ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016).

Пријавувањето на кандидатите  за обука се врши  писмено со поднесување на пријава.

Кон пријавата кандидатот треба да приложи :

1.Диплома за завршено соодветно високо образование
2.Потврда за работно искуство верифицирана од Министерството,издадена од надлежна установа
3.Кратка биографија ( резиме,Curriculum vitae  )
4.Копија од уплатница за уплатен износ

Заинтересираните кандидати можат да се пријават  најдоцна до 10.03.2017 год.

Пријавите ги има на нашата веб страница.

Лицe за контакт: за  обука и испит  Лидија Нарашанова Смилевска  тел.023203133.

Новости
About admin