dic

јуни 25, 2018

Информација за испитните сесии во јули и во август 2018 година, за кандидатите за директор

Ве информираме дека испитните сесии во јули и во август 2018 година, за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  1. Испитна сесија во јули, 2018 година:
  • Прв дел на испитот – 09 јули, 2018 г.  (од 17 ч.)
  • Втор дел на испитот – 13 јули, 2018 г.  (од 15 ч.)
  • Трет дел на испитот – 20 и 21 јули, 2018 г. (од 8 ч.)

Кандидатите за испит за сесијата во јули, комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар најдоцна до 05 јули, 2018 година (четврток).

  1. Испитна сесија во август, 2018 година:
  • Прв дел на испитот – 06 август, 2018 г.  (од 16 ч.)
  • Втор дел на испитот – 10 август, 2018 г.  (од 17 ч.)
  • Трет дел на испитот – 14 и 15 август, 2018 г. (од 8 ч.)

Кандидатите за испит за сесијата во август, комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар најдоцна до 01 август, 2018 година (среда).
Испитите ќе се одржат во Испитниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin