Согласно уребата од Владата на Република Северна Македонија, донесена на 12 мај 2020 година, за кандидатите кои се стекнале со уверение за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, согласно прописите кои важеле до денот на отпочнувањето на примената на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), важноста на уверенијата се продолжува до 07 декември 2020, односно за онолку денови колку што траела вонредната состојба.
Уредбата е дадена на линк.