Државна матура
Матурата е многу значаен дел во образовниот процес во многу земји во светот. Државна матура е збир од повеќе екстерни и интерни испити со кои се проверуваат и се вреднуваат знаењата,вештините и способностите на учениците кои ги стекнале во четиригодишно средно образование.
Резултатите од постигањата на учениците претставуваат основа за определување на позитивните страни, но, во исто време, и на предизвиците во образовните системи во светот. Добиените сознанија од овие резултати креаторите на образовната политика во нашата земја може да ги користат како патоказ за планирање на стратегии и за преземање на активности во функција на подобрување на квалитетот на образованието.
Во периодот од 1999-2007 година се реализирани значајни и комплексни подготовки за воведување на Државната матура и завршните испити, како завршница на средното образование во Република Македонија. Подготовката за реализација подразбираше донесување на севкупната потребна законска легистатива, изработка на задолжителните стручни материјали и спроведување на определен број пробни и пилот испити. Целта на овие пилотирања беше да се добијат сознанија за квалитетот на мерните инструменти – тестовите, да се проверат процедурите за спроведување на државната матура и да се тестира информатичко-технолошкиот систем за поддршка на целокупниот процес на спроведување на испитите.
Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование во Република Македонија е усвоена со решение на министерот за образование и наука бр. 11-6099/2 од 10.10. 2005 година. Истата во два наврати претрпе измени и дополнувања. Според овој документ, испитот за државна матура се состои од три дела и тоа:
- задолжителен дел (македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература, во зависност од тоа на кој наставен јазик ученикот ја следи наставата);
- изборен дел;
- проектна задача.
Екстерните испити од државната матура ги подготвува, организира и спроведува Државниот испитен центар, а интерните испити се во надлежност на училиштата. Реализацијата на државната матура во Република Македонија веќе е реалност. Првата фаза од државната, вклучени во листатата за матура. Државната матура се полага во два испитни рока: јунски и августовски испитен рок. Во августовскиот испитен рок полагаат оние кандидати кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура или од оправдани причини не матура за прв пат успешно беше реализирана во учебната 2007/2008 година. Државната матура се полага според посебни испитни програми, кои се изработени врз основа на наставните програми за соодветните наставни предмети. Добиената диплома од овој испит има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за упис на универзитетски студии.
Државен матурски одбор
Концепција за матура и завршен испит во јавното средно образование;
Извештај за резултатите од екстерните испити на државната матура, 2018/2019 година.
Извештај за резултатите од екстерните испити на државната матура, 2019/2020 година.
Извештај за резултатите од екстерните Испити на државната матура 2020/2021 година
Извештај за резултатите од екстерните Испити на државната матура 2021/2022 година
Извештај за резултатите од екстерните Испити на државната матура 2022/2023 година
Подетални информации во врска со матурата можете да добиете на следнава веб страна www.matura.gov.mk или на тел 076/346-486