Од 17 до 19 октомври директорката на Државен испитен центар м-р Даниела Јовчевска Михајловска и д-р Бети Ламева, раководител на сектор за испити, ИТ и истражување, учествуваа на деветтиот семинар на ИНВАЛСИ во Рим на тема: Податоци од и за образовниот систем: алатки за истражување и наставата. На семинарот учествуваа повеќе од 350 учесници од повеќе држави.
На семинарот Бети Ламева настапи со труд на тема: Идните образовни патишта на учениците и нивните професионални аспирации во Северна Македонија (длабинска анализа на податоците од ПИСА2022).
Во текот на деновите на семинарот директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска и Бети Ламева остварија средба со претседателот на ИНВАЛСИ г-динот Роберто Ричи, на која се разговараше за соработката со ДИЦ и идните активности.