На 12.03.2025 г. директорката на Државен испитен центар м-р Даниела Јовчевска Михајловска и д-р Бети Ламева, раководител на сектор за испити, ИТ и истражувања, во ДИЦ, остварија средба во Прилеп со деканот на Економски факултет од Прилеп, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, како и други претставници од факултетот, директорите и претставници од прилепските средни училишта.
Целта на средбата е поврзана со чекорите кои ги презема Државниот испитен центар во соработка со средните училишта за организација и реализација на државната матура во учебната 2024/25 година во голем простор. Деканот на Економски факултет од Прилеп ќе го отстапи просторот на училиштата за реализирање на полагањето на екстерните испити на државната матура.