dic

март 14, 2025

Средба на директорката на ДИЦ со ректорот на УКЛО

dir-bit

На 12.03.2025 г. директорката на Државен испитен центар м-р Даниела Јовчевска Михајловска и д-р Бети Ламева, раководител на сектор за испити, ИТ и истражувања, во ДИЦ, остварија средба во Битола со ректорот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” од Битола, проф. д-р Игор Неделковски, претседателот на Сенат на универзитетот, проф. д-р Филип Поповски и продеканот за настава, проф д-р Катерина Крстевска Савовска. Целта на средбата е поврзана со чекорите кои ги презема Државниот испитен центар во соработка со средните училишта за организација и реализација на државната матура во учебната 2024/25 година во голем простор. Ректорот на УКЛО ќе го отстапи просторот на училиштата за реализирање на полагањето на екстерните испити на државната матура.
Истиот ден се одржа и работен состанок со директирите и секретарите на УМК од битолските училишта.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *