На 24.02.2025 година, директорката на Државен испитен центар м-р Даниела Јовчевска Михајловска, претставници од Државен испитен центар, претставници и директорот на СОУ „Моша Пијаде“ Александар Котевски, остварија средба со ректорот на Универзитетот Југоисточна Европа прoф. д-р Абдилменаф Беџети. Целта на средбата е поврзана со чекорите кои ги презема Државниот испитен центар во соработка со средните училишта за организација и реализација на државната матура во учебната 2024/25 година во голем простор. На вој начин реализацијата на државната матура ќе биде пообјективна, а и поедноставна за матурантите од училиштата. Ректорот на УЈЕ ќе го отстапи просторот на училиштата од тетовскиот регион и ќе излезе во пресрет за се што е потребно за успешно, реализирање на полагањето на екстерните испити на државната матура.