На 24.4.2026 година претставници од Државниот испитен центар на РС Македонија одржаа состанок со претставници од Испитниот центар на Црна Гора, што претставуваше одлична можност за размена на искуства во областа на организирање национални тестирања, матурски и стручни испити, како и учество во меѓународни истражувања како што се PISA, TIMSS и PIRLS.
За време на состанокот беа разгледани подобрувањата на процедурите за полагање испити, развојот на испитни задачи, дигитализацијата на тестирањето, како и зајакнувањето на капацитетите во областа на анализа и известување за податоците. Посебен фокус беше ставен на можностите за заеднички активности, размена на експерти и искуства, како и организирање обуки и работилници со цел понатамошно подобрување на квалитетот на образовниот систем.
На состанокот присуствуваа директорот м-р Милош Тривиќ, раководителот на Одделот за меѓународно тестирање, истражување и соработка, Марина Радовиќ, психометричарот Зорица Миниќ од Испитниот центар на Црна Гора, како и директорката м-р Даниела Јовчевска Михајловска и раководителот на секторот за испити, ИТ и истражување д-р Бети Ламева од Државниот испитен центар на РС Македонија.
Беше изразена заедничка увереност дека соработката меѓу двете институции ќе се интензивира во наредниот период.



