Ве информираме дека Државниот испитен центар во септември 2021 година организира испитна сесија за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18).
Според став 2, член 14 од споменатиот закон, испитот ќе се организира за група од најмалку 3 (три) пријавени кандидати.
Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги испратат по пошта на адреса: ул. „Васил Ѓоргов“ бб, 1000 Скопје, до 05.09.2021 година.