dic

јули 26, 2024

Информација за 37-та испитна сесија за кандидати за директори (јули, 2024)

Кандидатите кои се стекнале со право на полагање на испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/2016, 20/18 и 140/18) ги информираме дека 37-та испитна сесија (јули 2024 година), ќе се одржи во следните термини:

Прв дел од испитот: 13.08.2024 година (почнувајќи од 16:00 часот)

Вториот дел од испитот: 14.08.2024 година (почнувајќи од 11:00 часот)

Трет дел од испитот: 15, 16.08.2024 од 14:30 часот,

Комплетната документација се доставува исклучиво во архивата на Државниот испитен центар во периодот од 07.08.2024 – 09.08.2024 година до 15:00

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот испитен центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.
Доколку некој од кандидатите не добие тема за завршен семинарски труд, да се обрати на е-меил: obukidirektori@dic.edu.mk

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *