dic

октомври 26, 2023

Информација за 33-та испитна сесија за кандидати за директори (ноември, 2023)

Кандидатите кои се стекнале со право на полагање на испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/2016, 20/18 и 140/18) ги информираме дека 33-та испитна сесија (ноември 2023 година), ќе се одржи во следните термини:

 

 

·        Првиот дел од испитот

09,10.11.2023 година ( почнувајќи од 15:30 часот);
11.11.2023 година (почнувајќи од 08:00 часот).

 

·        Вториот дел од испитот 13, 14 и 15.11.2023 година (почнувајќи од 15:30 часот) и

 

 

·        Третиот дел од испитот

 

Од 16.11.2023 до 25.11.2023 година;(во работен ден од 15:30 часот, а на 18 и 25.11 од 08:00 часот).

Комплетната документација се доставува исклучиво во архивата на Државниот испитен центар во периодот од 06.11.2023 – 08.11.2023 година до 15:30 часот.

Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Државниот испитен центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Кандидатите темата за завршниот семинарски труд ќе го добијат на ден 27.10.2023 година во електронска форма, на е-маил.  Доколку некој од кандидатите не добие тема за завршен семинарски труд, да се обрати на е-меил: obukidirektori@dic.edu.mk

 

Новости
About admin