dic

октомври 21, 2024

Излагање на директорката на ДИЦ на работилница организирана од Центарот за стручно образование и обука

Директорката на Државниот испитен центар, м-р Даниела Јовчевска Михајловска, на 8 октомври годинава имаше свое излагање на работилницата „Придонес кон геополитичката димензија на Европската образовна област, Западен Балкан и земјите од соседството“ во организација на Центарот за стручно образование и обука.
На работилницата се дискутираше за техничко-технолошкиот развој на денешното општество, системот на стручното образование и потребата за прилагодување на барањата на економијата, личните потреби на учениците/возрасните, општествениот контекст и потребните работни места.
Во својот осврт, директорката се осврна на улогата на Државниот испитен центар во системот на образованието во државата и неговото влијание во развојот на политиките во истото.
Пред присутните директорката го изложи системот на обука и испитите за наставници-приправници и директори во средното и стручното образование, како и предизвиците и перспективите со кои се соочуваат сите кои се вклучени во процесите.
На работилницата свои излагања имаа претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование за возрасни и советници од УНДП.viber_image_2024-10-21_14-59-27-806

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *