dic

октомври 24, 2024

Известување (ЈАВЕН ПОВИК) за пријавување на директори на училишта за следење на напредна обука

Почитувани директори,

Согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“бр. 10/2015, 145/2015, 192/2015, 30/2016, 120/2018 и 140/2018) секој директор на училиште со положен испит за директор е должен да посетува напредна обука од најмалку 4 семинарски денови (по 8 часа), со вкупно времетраење од 32 часа во текот на годината.

За оние директори што се уште не се пријавиле за напредна обука крајниот рок за пријавување е 01.11.2024 година.

Доколку не се пријавите до овој датум системот за обуки за оваа година се затвора и ќе можете да се пријавите во наредната календарска година.

Поради тоа што е крај на година и веќе се реализираат последните обуки, Вашите избрани теми во консултација со Вас може да претрпат измени.

МК-ЈАВЕН ПОВИК напредна обука 24.10.2024

МК-Пријава за напредна обука

Новости
About admin