Директор
Даниела Јовчевска Михајловска
Биографија
Даниела Јовчевска Михајловска е родена на 26.10.1973 во Скопје.
Дипломирала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во групата македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик каде се стекнува со стручен назив професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Тука ги завршува и постдипломските студии и се стекнува со звање Магистер по филолошки науки.
Зборува англиски јазик.
Работно искуство
Во периодот 2018 до 2024 е професор по Македонски јазик и литература во СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ во Скопје.
Од 2008 до 2018 е директор на СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ во Скопје.
Во периодот од 2007 до 2008 ја врши функцијата ВД директор во СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ во Скопје Скопје.
Во периодот од 1998 до 2007 година работи како професор по Македонски јазик и литература во СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ во Скопје.
Професионално усовршување
Даниела Јовчевска Михајловска има Уверение за положен испит за директор, Лиценца за Државен просветен инспектор и сертификати за завршени обуки и учество на бројни семинари и работилници поврзани со законодавство, финансирање, менаџмент, инклузивност, меѓуетничка интеграција, обучување и менторство.
Професионални ангажмани
Автор и рецензент на неколку прирачници и учебници по македонски јазик за средно образование.
Координатор на неколку проекти остварени за унапредување на средното образование, лидер и обучувач на групи вклучени во процесот на Државната матура, ментор на ученици за учество на натпревари.
Член на работни групи за подготовка на неколку закони и правилници за средно образование и средно образование за возрасни.