Согласно Календарот за организација на учебната 2021/2022 година во јавните средни училишта (Сл. весник на РСМ, бр. 168 од 26.07.2021) екстерните испити од државната матура ќе се реализираат во:
Jунската испитна сесија на:
04.06.2022 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
13.06.2022 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
Aвгустовска испитна сесија на:
10.08.2022 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
12.08.2022 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
Сите испити се со почеток во 10:00 часот.