Согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 235/24) секој директор на училиште со положен испит за директор е должен да посетува напредна обука од најмалку 4 семинарски денови (по 8 часа), со вкупно времетраење од 32 часа во текот на годината.



