ПИРЛС
ПИРЛС (PIRLS – Progress in International Reading Literacy Study) е меѓународната студија за проверка на оспособеноста на учениците од 9-10 – годишна возраст за читање со разбирање. Таа е фокусирана на три аспекти поврзани со читањето:
- процесот на разбирање;
- целите заради кои учениците читаат;
- навиките и ставовите за читањето.
Преку прашалниците за ученици, родители, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците.
Меѓународната организација за вреднување на образовните постигања (IEA) ја раководи организацијата и реализацијата на оваа студија. Стручната работа и менаџментот на студијата го води Меѓународниот студиски центар (ISC) во Бостон Колеџ.
Нашата држава има учествувано во следниве циклуси на мерење:
- ПИРЛС 2001
- ПИРЛС 2006
Во тек е подготовка и реализација на ПИРЛС 2021 во која покрај нашата држава учествуваат околу 50 држави од целиот свет.
Компаративна анализа на резултатите на Балканските земји во ПИРЛС 2021
Ослободени задачи со Упатство за оценување во ПИРЛС 2021
PIRLS 2001 – Извештај за постигањата на учениците во РМ-МАК.pdf
Збирка на ослободени задачи ПИРЛС-мак
Збирка на ослободени задачи ПИРЛС-Алб
ПИРЛС – Текст и упатство за вежбање – Глувците што стоеле на глава-МАКЕДОНСКИ
ПИРЛС – Текст и упатство за вежбање – Глувците што стоеле на глава-АЛБАНСКИ
Пилот тест ПИРЛС-мак
Пилот тест ПИРЛС-Алб
Упатство за оценување пилот ПИРЛС-мк
Упатство за оценување пилот ПИРЛС-алб



