Државен матурски одбор

СОСТАВ

Претседател на Државниот матурски одбор

  • Анета Трпеска -Министерство за образование и наука

 

Членови на Државниот матурски одбор

  • проф. д-р Славица Србиновска – Филолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  • д-р Решат Ќаили – Државен универзитет во Тетовоо
  • д-р Илбер Села – Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово
  • доц. д-р Блерим Саити – Државен универзитет во Тетово
  • проф. д-р Маја Бојаџиева – Филолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје/li>
  • проф. д-р Ленче Милошева – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
  • д-р Веселинка Лабровска – Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
  • д-р Шабан Сулејмани – Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје
  • д-р Зеќир Кадриу – Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово
  • Назухрете Сулемани – Министерство за образование и наука
  • Наталија Кижевска – Министерство за образование и наука
  • м-р Тања Андонова Митревска – Државен испитен центар

Извршен секретар на Државниот матурски одбор

  • д-р Бети Ламева-Државен испитен центар

НАДЛЕЖНОСТИ

Државниот матурски одбор согласно членот 31 од Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите за државна матура во гимназиското, стручното и средното уметничко образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/10, 63/12 и 159/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/21) ги врши работите во врска со усогласување на подготовките за спроведувањето на државната матура, а особено:

  • разгледува документи за организирање и спроведување на државната матура;
  • разгледува годишни извештаи за спроведените матурски испити во гимназиското, стручното и уметничкото образование;
  • предлага прагови на положеност за испитите кои се полагаат екстерно до Министерството за образование и наука;
  • врши други работи кои се во функција на унапредување на државната матура во гимназиското, стручното и уметничкото образование.