Директор

Direktor_1

Лични податоци

Презиме : Наумовска
Име : Елизабета
Дата на раѓање : 04.12.1967 г.
Националност: Македонка

Контакт информации

Адреса :  Битола
E-mail: elizabetanaumovska@dic.edu.mk

Професионално искуство

  • Од ноември 2021 ја извршува функцијата директор на Државен испитен центар
  • 29.08.2019 до 22.09.2020 ја извршува функцијата Заменик на министерот за образование и наука
  • Од април 2003 до август 2007 и од декември 2017 – aвгуст 2019 ја извршува функцијата училишен директор во Средно општинско училиште „Таки Даскало“ Битола
  • Март-декември 2017 е тим-лидер на работната група во проектот: Вториот форум за јавна политика со тема на средно стручно образование во организација на Институт за напредок и социјална демократија Фондација Фридрих Еберт – канцеларија во Скопје
  • 2007-2008 е обучувач за обука на наставници за наставни стратегии во организација на Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија и УСАИД – Проектна единица: Secondary Education Activities (SEA)
  • 2004 е член на експертска работна група за развој на наставните програми во рамките на Министерство за образование и наука на Република Македонија, Биро за развој на образованието и PHARE Program VET 1
  • 2003-2004 следела обуки за директори во рамките на проектот Vocational Education and Training Project VET 2 во организација на Министерство за образование и наука на Република Македонија
  • 2000-2002 била училишен координатор во Средно општинско училиште „Таки Даскало“ Битола за имплементација на реформите во средното гимназиско образование
  • Од 1993 работи како професор по физика во Средно општинско училиште „Таки Даскало“ Битола, како и во други основни и средни училишта
  • Учесник во бројни обуки, семинари, конференции и работилници во областа на управувањето со училиштето, лидерство, ефективни комуникации, тимска работа, управување со проекти, управување со конфликти, наставни стратегии, специјални семинари за наставници и училишни координатори организирани од БРО, Институтот за физика и Проектот Темпус
  • Искуства од семинари – работилници за врснички советувања во организација на СОРОС
  • Искуства од маркетинг и претприемничка обука
  • Искуство од обука за управување со конфликти и посредување (СОРОС)
  • Искуства од бројни обуки за лидерски и комуникациски вештини (внатрешни и надворешни семинари за тимски лидери, училишни координатори и директори)
  • Искуства од обука за примена на компјутери во наставата по физика (проект Tempus-Phare во организација на Институтот за физика)
  • организација и спроведување на дисеминација на искуства од обуки и семинари во сопственото училиште и во други училишта
  • самостојно организираla и реализираla бројни семинари и работилници за наставници и ученици од областа на стратегиите и техниките за настава / учење, справување со конфликти и медијација, стратешко планирање, тимска работа итн.

Посебни искуства во регионот

  • Меѓународен монитор за Република Северна Македонија во рамките на проектот TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study). ИЕА е главен организатор на TIMSS, а активностите се раководени од Меѓународниот студиски центар во Бостон (International Study Center, ISC). Покрај нив во спроведувањето на TIMSS учествуваат и Statistics Canada од Отава и Educational Testing Service од Принстон, Њу Џерси.
  • Студиски посети на училишта во рамките на Еразмус+ проектите во Турција, Финска, Португалија
  • Студиска посета на Институтот Хајделберг, Германија во рамките на напредни обуки за директори на училишта

 

 
Автор е на неколку стручни трудови и учебник:

  • Наумовска и група автори, Учебник по физика за средно стручно образование, Просветно дело, Скопје, 2005
  • White papers: Промени во моделот и промена на перцепцијата за средното стручно образование во Република Македонија, Фондација Фридрих Еберт, Скопје, 2017 година
  • Naumovska, E., Cvetkovska, S. Learning strategies through modeling of physical phenomena and laws in teaching physics using mathematical presentation, Macedonian Scientific Society, International conferences“Education in the 21st century”, 2014
  • Naumovska, F, Naumovska, E. National competition conditions for successful integration in the global economy with special review of the competence of Republic of Macedonia, The First International Science Conference, Contemporary management challenges and the organizational sciences, Business academy Smilevski – Skopje, BAS Institute for management – Bitola, 2012

Зборува македонски и англиски јазик.

Членство во професионални тела:

  • Член на работни групи во Бирото за развој на образованието за изработка на наставни планови за наставниот предмет физика за неколку образовни профили во рамките на ВЕТ 1
  • Член на работните групи во БРО за подготовка на наставни планови во физиката за средно образование
  • Член на работната група за развој на наставните планови во Проектот ВЕТ 2
  • Член на иницијативниот одбор на Здружението на образовни работници во Битола
  • Член на НВО – Здружение на отворени комуникации
  • Член на НВО – Здружение за превентивна работа со деца, млади и нивните семејства “Група Феликс” Член на претседателството на Астрономското друштво Битола
  • Член на Здружението на физичари на Република Македонија