dic

септември 27, 2021

Пробно PISA 2022 тестирање на македонски и на албански јазик

Во периодот од 15.09.2021 до 25.09.2021 година во 13 средни училишта во Република Северна Македонија се спроведе за прв пат кај нас електронски пробно PISA 2022 тестирање на македонски и на албански јазик (9 на македонски јазик, 2 на албански јазик и 2 двојазични училишта). Од секое училиште на македонски и на албански јазик по случаен избор беа избрани по 59 ученици родени 2005 година кои се тестираа, односно вкупно 885 ученици. Целта на пробното тестирање е да се проверат процедурите за спроведување на студијата.
За успешна реализација на пробното тестирање со поддршка од Светска банка се набавени 70 лаптопи кои ќе се користат за оваа цел во училиштата.
Република Северна Македонија преку Министерството за образование и наука досега има учествувано во три циклуси: ПИСА2000, ПИСА2015, ПИСА2018. Ова ќе биде наше четврто учество во студијата, а реализатор е Државниот испитен центар.
Главното ПИСА2022 тестирање ќе се спроведе во периодот април-мај 2022 година во сите средни училишта во РСМ.

 

72642

Новости
About Artan Abdulla

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *