dic

мај 30, 2022

Потпишување меморандум за соработка на ДИЦ со Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање и соработка со цел континуирано следење на зајакувањето на медиумската писменост кај учениците. Оваа соработка ќе биде клучна за анализирање на вештините на учениците од различни возрасти во областа во сферата на медиумската писменост, како и нивните способности аналитички и критички да ги восприемаат медиумските содржини.
„Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во областа на медиумската писменост и користењето на критички пристап кон информациите,“ истакна директорот на проектот Михајло Лахтов. Според него, градењето на партнерства со националните институции одговорни заобразованието е од клучно значење за одржливот на новините во образовниот систем кои се воведуваат со поддршка на овој проект и системско вклучување на медиумската писменост во образовниот процес. „Медиумската писменост за нашата држава е особено важна. Таа не значи само читање и пишување, туку многу повеќе, пред се анализиње и проценување на веродостојноста и квалитетот на различни текстови и мултимедиумски содржини, како и критичкото размислување, формирање и бранење на ставови, но и решавање на проблеми врз основа на проверени факти и на докази. Посебно важно е да градиме капацитети кај нашите млади за критичко размислување. Државниот испитен центар во рамките на своите надлежности меѓу другото е задолжен за мерење на постигањата на учениците. Во меѓународните студии (ПИСА, ТИМСС, ПИРЛС) кои ги спроведуваме во РСМ има прашања и задачи кои се поврзани со медиумска писменост. Исто така, и во државното тестирање се вклучени прашања и задачи поврзани со овие области, а се дел од наставните програми. “, рече директорката на Државниот испитен центар, м-р Елизабета Наумовска Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ има за цел развивање на вештини за медиумска писменост и критичко размислување кај младите преку формалното и неформалното образование.

Проектот веќе потпиша Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со што е воспоставена соработка за системско воведување на
вештините и концептите на медиумската писменост и критичкиот пристап кон информациите во наставните програми за основните и средните училишта во државата.
Проектот „Младите размислуваат“ е спроведен од страна на Меѓународниот одбор за истражување и размена (ИРЕКС) во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ),
Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а е финансиски поддржан од УСАИД.

фотографија 3
фотографија
фотографија2

Новости
About Artan Abdulla

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *