dic

март 22, 2021

Нова Концепција за државна матура, училишна матура и завршен испит

На 16.03.2021 година, согласно договорот помеѓу тимот на Светска банка, Државниот испитен центар и г-дин Џорџ Бетел, меѓународен експерт за оценување, се реализираше консултативна средба на далечина за Новата концепција за државна матура, училишна матура и завршен испит.
На средбата покрај членовите на Работната група, учествуваа: г-ѓа Бојана Нацева, виш специјалист за образование на Светска банка, шефот на кабинет на министерката за образование и наука г-ѓа Санела Шкријељ, директорот на БРО г-дин Зекирија Хасипи, директорката и заменик директорот на ДИЦ, г-ѓа Елизабета Наумовска и г-дин Дритан Имери.
На средбата г-дин Џорџ Бетел се осврна на примери на Концепции за државна матура во повеќе држави во светот. Тргнувајќи од светските искуства г-дин Бетел презентираше модели на државна матура за различни видови средно образование кои се реализираат во различни земји во светот. Во својата презентација тој ги посочи предностите и слабостите на пример моделите за државна матура споредувајќи ги со постоечката
Концепција за државна матура, училишна матура и завршен испит. По презентацијата на меѓународниот експерт за оценување следеше дискусија со цел да се разменат мислења за постоечките дилеми поврзани со поставување на основната рамка на Новата концепција за државна матура, училишна матура и завршен испит.

Новости
About Artan Abdulla

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *