Известување (јавен повик) за стручен испит за приправници

ВАЖНО: Известувањето НЕ ВАЖИ за кандидати кои целиот/дел од приправничкиот стаж го реализирале како образовни асистенти.  Воспитувачите во ученички домови полагаат во Министерство за образование и наука.

Државниот испитен центар согласно членот 2 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), организира стручен испит за приправниците кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат испитот.

А. За кандидатите на кои приправничкиот стаж им започнал пред 1.9.2020 година важат одредбите од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште („Службен весник на РМ“ бр.27/96) и Правилникот за условите и начинот на полагање на стручниот испит на наставниците и стручните соработници во јавните средни училишта („Службен весник на РМ“ бр.27/96).

Б. За кандидатите на кои приправничкиот стаж им започнал од 1.9.2020 година важат одредбите од Правилникот за програмата за полагање на стручниот испит на наставник приправник и стручен соработник приправник и за начинот на спроведувањето на стручниот испит („Службен весник на РСМ“ бр.121/20), Правилникот за менторска поддршка на приправникот („Службен весник на РСМ“ бр.151/20) и Правилникот за формата, содржината и елементите на Програмата за поддршка на приправникот и Извештајот за совладување на основните професионални компетенции и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит (сите објавени на страницата на ДИЦ).

В. За кандидатите на кои приправничкиот стаж им започнал пред 1.9.2020 година и во меѓувреме имаат прекин, па им продолжил по 1.9.2020 година важат одредбите од Правилникот за програмата за полагање на стручниот испит на наставник приправник и стручен соработник приправник и за начинот на спроведувањето на стручниот испит („Службен весник на РСМ“ бр.121/20), Правилникот за менторска поддршка на приправникот („Службен весник на РСМ“ бр.151/20) и Правилникот за формата, содржината и елементите на Програмата за поддршка на приправникот и Извештајот за совладување на основните професионални компетенции и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит (сите објавени на страницата на ДИЦ).

Приправниците во училиштата кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручниот испит доставуваат:

ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ (ТУКА) стручен испит со следната документација:

Р. бр. Согласно СТАРИТЕ правилници ТУКА

А. Кандидати на кои приправничкиот стаж им започнал пред 01.09.2020 година.

Согласно НОВИТЕ правилници ТУКА

Б. и В. Кандидати на кои приправничкиот стаж им започнал од 01.09.2020 година или пред 01.09.2020 година и во меѓувреме имаат прекин, па им продолжил после 01.09.2020 година. [1]

          1. Уверение за завршен приправнички стаж во училиште во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж – заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж. Извешај за совладување на основните проефесионални компетенции на приправникот и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит од менторот (прилог 3 за наставници и 4 за стручни соработници соодветно) – заверено со архивскиот број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж. ТУКА
         2. Мислење од менторот за работата на приправникот во текот на реализацијата на приправничкиот стаж – заверено со архивскиот број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж. Извештај на менторот за совладување на основните професионални компетенции на приправникот (прилог 3 за наставници и 4 за стручни соработници соодветно) – заверено со архивскиот број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж. ТУКА
          3. Мислење од највисокиот стручен орган на училиштето во кое е вработен приправникот за неговата воспитно-образовна работа во текот на приправничкиот стаж – заверено со архивскиот број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.

 

Предлог на наставничкиот совет за полагање на приправничкиот стаж за приправникот или за продолжување на приправничкиот стаж (прилог 3 за наставници и прилог 4 за стручни соработници соодветно)- заверено со архивскиот број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж. ТУКА
          4. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија за остварен работен стаж во училиште во траење од една календарска година. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија за остварен работен стаж на приправникот во училиште во траење од една календарска година.
          5. Копија од диплома или уверение за завршено соодветно образование (заверена на нотар). Копија од диплома или уверение за завршено соодветно образование (заверена на нотар).
         6. Копија  од уверение за педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитирана високообразовна установа – за приправници на кои им е потребна наведената подготовка согласно нормативот за наставен кадар во наставните програми за соодветните наставни предмети (заверена на нотар). Копија  од уверение за педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитирана високообразовна установа – за приправници на кои им е потребна наведената подготовка согласно нормативот за наставен кадар во наставните програми за соодветните наставни предмети (заверена на нотар).
          7. Домашна писмена работа во два примероци, од кои еден примерок на македонски јазик и неговото кирилско писмо и еден примерок на јазикот и писмото на кој приправникот ја изведува наставата.

Темите за домашната писмена работа се дадени во соодветните правилници кои се погоре наведени.

Избраната тема за изработка на домашната писмена работа, приправникот треба да ја истражи и разработи од аспект на нејзината практична применливост во непосредната наставна работа во потесното стручно подрачје на приправникот. Стручниот материјал треба да биде во вид на ЕСЕЈ за избраниот проблем – тема во обем од осум до десет страници.
Насоки за изработка на домашната писмена работа се дадени ТУКА.

 

Акциско истражување или студија на случај, во два примероци, од кои еден примерок на македонски јазик и неговото кирилско писмо и еден примерок на јазикот и писмото на кој приправникот ја изведува наставата.
Обласите/темите за Акциско истражување или студија на случај, се дадени во Правилникот за програмата за полагање на стручниот испит на наставник-приправник и стручен соработник-приправник и за начинот на спроведувањето на стручниот испит („Службен весник на РСМ“ бр.121/20).
Избраниот проблем за истражување, приправникот го проучува, анализира, истражува, спроведува практични активности за неговото разрешување и изработува соодветен стручен материјал во писмена форма, во обем од најмалку десет, а најмногу до триесет страници.Насоки за изработка на акциско истражување или студија на случај се дадени ТУКА.
         8. Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит (уплатница во оригинал). Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит (уплатница во оригинал).


[1] Доколку приправникот го реализира приправничкиот стаж во повеќе училишта последователно, Извештајот за совладување на основните професионални компетенции и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит го пополнува менторот и директорот од училиштето во кое приправникот го завршува и реализира приправничкиот стаж, на предлог на наставничкиот совет. Доколку приправникот го остварува приправнички стаж во повеќе училишта истовремено, Извештајот за совладување на основните професионални компетенции и неговата подготвеност за полагање на стручниот испит го пополнува менторот и директорот од училиштето во кое приправникот реализира поголем број на наставни/работни часови, на предлог на наставничкиот совет.

Пријавата со комплетната документација се доставува ИСКЛУЧИВО ПО ПОШТА до Државниот испитен центар со адреса:  ул. „Васил Ѓоргов“ б.б.,1000 Скопје, испратена најдоцна до 20. 03. 2024 година (среда).

  • Приправниците од основните училишта во пријавата за полагање стручен испит треба да го наведат одделението во кое изведуваат настава и наставниот предмет.
  • Приправниците од средните училишта во пријавата за полагање стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава и наставниот предмет.
  • Приправниците од средните стручни училишта во пријавата за полагање стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава, предметот и видот на струката.
  • Приправниците од уметничките училишта во пријавата за полагање стручен испит треба да ја наведат годината во која изведуваат настава, предметот и видот на уметност.

Кандидатите за полагање стручен испит уплаќаат средства во висина од 1.600,00 (илјада и шестотини) денари  на уплатница пополнета на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за стручен испит на приправници во училишта   ̶   пролетен испитен рок 2024 година;

Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија;
Банка на примач: Народна банка на Република Северна Македонија;
Трансакциска сметка:100000000063095;
Сметка на буџетски корисник: 1600261506 787 16;
Приходна шифра: 723013;
Програма: 30.

НАПОМЕНА:

Кандидатите што реализирале приправнички стаж во повеќе училишта потребно е дополнително да достават и мислење од ментор и потврда од директорот на училиште дека го реализирале стажот во претходните училишта со точно нагласување на периодот на реализацијата.

Акциското истражување/студија на случај задолжително да се изготвуваат согласно насоките дадени во Прирачникот за наставници-Акционо истражување воспитно образовна практика и областите/темите за акциско истражување или студија на случај дадени во Правилникот за програмата за полагање на стручниот испит на наставник приправник и стручен соработник приправник и за начинот на спроведувањето на стручниот испит („Службен весник на РСМ“ бр.121/20).

Прашањата за проверка на општите знаења во врска со законско-нормативната регулатива и организацијата на дејноста ќе бидат од актуелните (најновите) законски прописи од областа на образованието.

Ненавремено доставената документација нема да се разгледува и ќе биде вратена.

НАСОКИ:

  • Кандидатите кои доставиле комплетна документација за полагање стручен испит во Државниот испитен центар во претходните испитни рокови, а биле оправдано отсутни треба да достават само нова пријава за полагање стручен испит.
  • Кандидатите кои доставиле комплетна документација за полагање стручен испит во Државниот испитен центар во претходните испитни рокови, а се откажале пред испитот или биле отсутни без претходна најава или оправдување треба да достават нова уплатница и нова пријава за полагање стручен испит.
  • Кандидатите кои не ги исполнувале условите за полагање стручен испит во Државниот испитен центар во претходните испитни рокови, доколку сега ги исполнуваат условите, треба да достават комплетно нова документација со нова уплатница.
  • Кандидатите кои не го положиле стручниот испит во Државниот испитен центар во претходниот испитен рок, треба да достават нова уплатница и пријава. Доколку и домашната работа/акциското истражување е причина за неположеност треба да достават и нова домашна работа.

                                                                              ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР