dic

мај 22, 2018

Информација за испитна сесија во јуни 2018 година

Ве информираме дека испитната сесија во јуни 2018 година за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 04 јуни, 2018 г.  (од 17 ч.)
  • Втор дел на испитот – 12 јуни, 2018 г.  (од 17 ч.)
  • Трет дел на испитот – кандидатите дополнително ќе бидат известени.

Ги молиме кандидатите за испит да ги достават комплетните документи во Државниот испитен центар најдоцна до 31.05.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“  на бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin