ТИМСС

TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и природната група предмети во четврто, во осмо одделение и на крај на средното образование (во математичките училишта). Преку прашалниците за ученици, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците. Мерењето на постигањата во оваа студија има две димензии: содржинска и когнитивна.
ИЕА е главен организатор на TIMSS, а активностите се раководени од Меѓународниот студиски центар во Бостон (International Study Center, ISC). Покрај нив во спроведувањето на TIMSS учествуваат и Statistics Canada од Отава и Educational Testing Service од Принстон, Њу Џерси.
Република Македонија досега учествувала со популација од осмо одделение во три циклуси на мерење на постигањата на учениците и тоа:

  • TIMSS-R 1999;
  • TIMSS 2003;
  • TIMSS 2011.