Прашања за вториот дел од испитот за директори

За организирање на планирани родителски состаноци , наставникот ги информира:
Што треба раководниот тим на училиштето да овозможи за да има постојан професионален развој на наставниците?
Кој ги организира активностите за професионалниот развој на наставниците?
 Која е придобивката за наставникот од постојано следење на разни обуки?
Кои фактори ги мотивираат вработените?
Кои фактори ги демотивираат вработените?
Кои мерки треба да ги преземе директорот кога нема позитивна клима во училиштето?
Како се информираат родителите за родителските средби?
Што се подразбира под триаголник на соработка: наставник-ученик-родител?
Кои се обврските на работодавачот?
Собранието покрај законодавната функција има и:
Што значи забраната за дискриминација?
На кој начин се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот?
Ако датумот на стапување на работа не е определен во договорот за вработување, како датум на стапување на работа се смета:
Договорот за вработување се склучува:
Основното образование е:
На кој начин се основа општинско основно училиште?
Статутот на основното училиште го донесува:
Неформално образование на младите и возрасните лица означува:
Што е закон?
Повисок акт од статутот е:
Oбезбедување и исполнување на финансиските цели е обврска на:
„Во секое време низ планскиот период, да се располага со доволно готовина пари за навремено плаќање на обврските”, претставува:
Кои се основни извори на финансирање во образованието?
Кои се дополнителни извори на финансирање во образованието?
Постоење на “ реална компанија во училиштето” претставува:
Училиштата даваат информации за остварените финансиски резултати и трансакции во:
Кои се основни финансиски извештаи во образованието?
Основни средства, обртни средства и непокриена загуба се составен дел од:
Негативниот финансиски резултат се искажува:
Три главни активности на финансискиот менаџмент се:
Комисијата ќе пристапи кон јавно отворање на понудите:
Дали постои обврска планот за јавни набавки да се донесе во определен временски рок?
Каков ефект има негативната референца врз понудувачот?
Во кои случаи договорниот орган не спроведува електронска аукција?
Кој го изготвува извештајот од спроведена постапка и дава предлог за избор на најповолна понуда?
Кој ја носи одлуката за избор на најповолен понудувач кај договорниот орган?
Директорот како добар организатор и планер треба да го разбира процесот на:
Функцијата на директорот како педагошки раководител, која подразбира давање помош и обука на наставниците и соработниците, се однесува на неговата улога на:
Активностите на набљудување, размислување, одлучување, спроведување на одлука, следење на извршувањето на одлуката се одлика на квалитетно:
Директорот како педагошки раководител донесува одлуки и има улога на:
Следењето, мерењето и оценувањето на воспитно-образовната работа во училиштето има за цел да овозможи:
Целокупниот живот и работата во училиштето ја определува улогата на директорот како:
Среднорочните одлуки опфаќаат среднорочен временски период до:
Статутот на училиштето го донесува:
Училишниот одбор  во основно училиште е составен од:
Основните професионални компетенции на наставниците се надградуваат со стандардите:
За наставник – советник треба да се поседуваат основните професионални компетенции и стандардите за:
Процесот на иновација се состои од следните три чекори:
Фазите на воведување на промените се:
Промените во надворешната структура на училиштето се случуваат во:
Според Ивиќ, квалитетот во образованието во себе вклучува:
Тргнувајќи од временската димензија како критериум, контролата се јавува во неколку облици:
Говорејќи за успешните училишта, Брајша открива:
Квалитетот на наставата се обезбедува преку основните ресурси и тоа:
Формализацијата како димензија на организациската структура укажува:
Училиштата со добра организација на работата се карактеризираат со:
Како менаџер на Вашата организација особено внимавате на мотивацијата на вработените. Која од функциите на менаџментот е потребна за да ја поттикнете мотивираноста на вработените?
Во Вашата организација се воведува нов проект со кој треба да ги запознаете претседателите на стручните активи и стручните соработници. Организирате средба  со цел да ги запознаете со истиот и заеднички да го дефинирате текот за реализација. Која е Вашата улога како директор?
Година дена сте директор на училиште. До Вашето доаѓање тоа беше афирмирана организација која работеше успешно. Од вашето доаѓање на чело на организацијата, активностите се намалија и затоа сакате да внесете одредени промени во начинот на работа и дејствување на организацијата. Но, вработените не сакаат да соработуваат и често негодуваат дека одредени работи биле подобри кога на чело на организацијата бил претходниот директор. Како ќе постапите за решавање на проблемот употребувајќи поучувачки стил на водство?
Еден од членовите на Вашата организација мошне ентузијастички и ефективно ги реализира поставените цели. Врз основа на сознанието за каков човек станува збор, често му давате различни задачи и не вршите посебна контрола врз неговите активности. Резултатите од неговата работа се задоволувачки. Меѓутоа, неодамна му дадовте задача за која мислевте дека успешно ќе може да ја реализра. Но, неговата изведба е со мошне намален квалитет. Употребувајќи поддржувачки стил што ќе направите?
Вие како директор на организацијата водите состанок при што во текот на состанокот еден од колегите постојано напоменува дека тој ги разбира проблемите што се дискутираат и во тој случај водачот (директорот) на состанокот се придржува на фактите и на своето искуство и не генерализира. Во конкретната ситуација која вештина на водството ја употребува директорот?
Ве назначуваат за директор на организацијата и колегите Ве запознаваат со начинот на кој се прославува патрониот празник (организираат приредба на која учествуаат голем број на ученици, покануваат преголем број на гости, а потоа заеднички се дружат на прослава по повод Патронатот). Вам воопшто не ви се допаѓа тој концепт и правите комплетна промена сметајќи дека нема потреба од толку голема организација, а посебно неформалното дружење и забава. Со тоа:
Вие сте нов директор на заглавено училиште. Успесите во училиштето се на „стара слава“ и поединци сметаат дека тоа што го работеле години наназад е сосема доволно и дека помладите треба да го преземат „кормилото“. На тие поединци како директор ќе им:
Во училиштето имате исклучително квалитетен работник. Повеќе години не го користи својот потенцијал затоа што смета дека претходните раководства од лични причини фаворизирале други, помалку стручни колеги. Вие транспарентно го уважувате неговото работење, но и со тоа не постигнувате ефект. Кој принцип на мотивација е најпогоден во ваков случај?
Вие сте директор на мултиетничко училиште. Организирате екскурзија која ќе се изведува за сите ученици од генерацијата. Според вкупниот број на ученици направен е распоред кои ученици во кој автобус ќе патуваат. Непосредно пред тргнување имате негодување од родители, не дозволуваат нивните деца да патуваат со ученици од друга етничка заедница, базирано на предрасуди и нивни убедувања. Не дозволуваат нивните деца да влезат во автобусот. Вие:
Во однос на еко – стандардите, дијагнозата на постојната состојба во однос на заштитата на животната средина препорачливо е да ја направите со:
Родител на поранешни ученици, професионален музичар, ви предлага да организира концерт на професионални изведувачи на класична музика во Вашето училиште. Притоа гости би биле ученици, наставници и граѓани од заедницата и пошироко. Вие како директор:
Во опкружувањето на училиштето во кое сте директор постои развиен бизнис сектор. Тоа е одлична можност за:
Во училиштето се организира тридневна екскурзија низ Република Македонија. Во една од паралелките (класовите) има ученик со посебни потреби и хиперактивно однесување. Одделенскиот раководител смета дека тој ученик за него е огромен товар и обврска и не може да гарантира безбедност ниту на ученикот, ниту на останатите ученици од паралелката на ексурзијата. Вие, како директор:
Вие сте директор на училиште. Поради од незадоволството од хигената во училиштето, Советот  на родители  донесува одлука да побара увид во користењето на средсвата за хигиена и начинот на оджување на хигена.Вие како директор:
Кои три елементи ја определуваат секоја образовна институција?
Кој од наведените стандарди НЕ е во рамките на реализацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем “?
На крајот на годината Вие како директор доделувате благодарници и пофалници на колеги кои дале придонес за постигнатите успеси на организацијата. Доделувањето на признанијата е добро затоа што делува мотивирачки:
Во училиштето во кое сте директор еден родител постојано Ви се жали од односот кон неговото дете од страна на еден наставник. Повеќе пати разговарате со наставникот, но наставникот стои на ставот дека постапува правилно, а ученикот заслужува таков однос. Како ќе постапите?
Актуелните модели на управување со човекови ресурси во прв план ги ставаат следниве вредности:
Една од битните карактеристики на концептот за управување со човечки ресурси во фирмата е тоа што односите се:
Концептот на управување со човечки ресурси е:
Прв чекор на стратешко планирање на кадровски потенцијал е:
Јасно дефинирани работни места се важни за:
Што подразбира ефикасна организација?
Каква треба да биде комуникацијата во една организацијa за да има најдобар резултат?
Што е комуникациски процес?
Кои се зоните при комуницирањето?
Едноставниот комуникациски модел е составен од 3 компоненти и се одвива по следен редослед:
Кое правило е услов за успешна комуникација во колективот?
Според Ласвеловата констатација комуникацискиот процес се однесува на 5 сегменти и тоа:
Личната зона на комуникација се однесува на:
Правилната комуникација Не треба да содржи:
Јавна зона на комуникација се однесува на:
Средни состаноци се оние во кои учествуваат:
На секој официјален состанок има?
Потребно ли е да има записничар на  официјален состанок?
Како треба да се води  официјален состанок?
Преголем број на состаноци е сигурен знак за:
Во книгата “Деловно комуницирање” од д-р. Константин Петковски и д-р. Павлина Јанкуловска, состаноците може да се делат според:
Клучни зборови со кои се објаснува основната филозофија на односите со јавност се:
За успешно одржување на конференција за печат потребно е:
Кои се основните фази  на интервјуто?
Што од наведеното НЕ предизвикува конфликт?
Што предизвикува конфликтна комуникација кај вработените?
Во една организација НЕ се преговара за:
Во преговарање се кoристат следните типови на однесувања:
Дали тимската работа придонесува за подобра ефикасност:
За да бидат  ефективни тимовите потребно е да има поделба на улогите:
Што треба директорот прво да направи  со наставник кој не е редовен на работа?
За време на состанокот НЕ е дозволено:
Некои од карактеристиките за несоодвенто водење состанок се:
Што треба да посоти за да се оствари ефективна комуникација?
Една од основните причини за постоење на тимската работа е:
Современиот став за конфликтите е дека тие се:
Специфичните фази низ кои минуваат конфликтите, честопати се означуваат и како:
Кои три елементи се значајни за секое училиште за да може успешно да ја спроведе својата мисија:
Според пирамидата на Абрахам Маслов што се подразбира под потребата за самопочитување:
Какви видови училишта постојат според организациската култура?
Според организациската култура, кои од наведените алтернативи претставуваат дел од карактеристиките на заглавено училиште:
Кои се главните активности и задачи без кои директорот на училиштето не може да биде успешен во својата работа ?
Според тоа кој ги свикува состаноци и на кој начин, разликуваме:
Кои се трите основни облици во односот помеѓу наставникот и учениците?
За време на тимската работа, секој член на тимот:
Како гласи познатото Тејлорово правило за човечкиот учинок?
Моделот на педагошката комуникација кој се фокусира на решението се нарекува:
Кој е последниот чекор во процесот на контрола?
Можностите за зголемување на квалитетот на училиштето треба да се бараат во подобрување на квалитетот на следните подрачја:
Образовните стандарди ги дефинираат мерливите компетенции кај наставните предмети преку:
Која институција го утврдува квалитетот преку интегралната евалвација:
Кои се елементите на комуникацијата?
Кое е највисокото ниво на поврзаност кое влијае врз успехот на комуникацијата?
Стилот кога комуникацијата е отворена, искрена, јасна, директна со сигурен, убедлив и топол глас,­ се нарекува:
Како се нарекува комуникацијата кога е по желба на поединецот?
Кое е најниското ниво на поврзаност кај комуникацијата?
Една од најчесто користените мерки за надминување на бариерите во комуникацијата е:
Филозофијата на реституцијата се фокусира на
Стилот кога комуникацијата не е јасна, прикриена и е со слаб и несигурен глас, се чувствува напнатост и затвореност, се нарекува:
Реституцијата како процес ја јакне:
Според критериумот број на учесници разликуваме:
Училиштата се должни да спроведат постапка за јавна набавка на стоки, услуги и работи во вредност поголема од:
Планот за јавни набавки за тековната година се подготвува најдоцна до:
Најчесто применувана постапка за јавна набавка во училиштата е:
По донесување на годишниот план за јавни набавки директорот треба да:
Основни елемнти на билансот на состојбата се:
Кој ја донесува одлуката за избор на најповолна понуда?
Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка и одговорното лице, потпишуваат изјава за:
Кој е регистриран издавач на дигитални сертификати во Република Македонија?
Финансискиот план на училиштето за сметката на самофинансирачки активности е годишен план за финансирање, кој се состои од годишна процена на:
При подготовка на буџет за проект, училиштето задолжително:
Кои трошоци се неприфатливи трошоци во реализација на еден буџет?
Буџетските средства за финансирање на платите на вработените и материјалните трошоци во училиштето се во форма на:
Што од наведеното НЕ Е функција на финансискиот менаџмент?
Според Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, еден од основни финансиски извештаи е:
Билансот на состојбата е преглед на:
Билансот на успехот е преглед на:
Која е најзначајната карактеристка на билансот на состојба?
Согласно Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, основните финансиски извештаи во јавните училишта се:
Извештајот за користење на средствата стекнати од дополнителни активности, училиштето поднесува до:
Училиштата изработуваат финансиски план за:
Блок дотациите за финансирање на работата на училиштата се трансферираат до општините согласно:
Основен критериум кој се користи во формулата за распределба на средствата на основните и средните училишта е:
Начинот на стекнување и распределба на дополнителните средства за финансирање на работата на училиштата го пропишува:
Со пописот се утврдува фактичката состојба на:
Со билансот на успехот се утврдува:
Кои информации се презентираат со билансот на состојбата и успехот?
Деловните активности и трансакции во училиштето се евидентираат согласно:
Основни (постојани) средства на училиштето се:
Кој е одговорен за законито водење на сметководството како крајна инстанца?
Училиштата имаат трезорски сметки во:
Кварталните финансиски извештаи треба да обезбедат споредливост на планираните расходи со:
Општината може да ја дополни добиената блок дотација на училиштата со средства од сопствени извори за сѐ, освен за:
Договорниот орган за постапките со барање за прибирање на понуди е должен да води:
Што од наведеното НЕ е составен дел на тендерската документација?
Што од наведеното НЕ е карактеристика на претприемачот?
Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително:
Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка што се спроведува со користење на електронски средства преку ЕСЈН, со дигитален сертификат ја потпишува:
Кој ја потпишува одлуката за јавна набавка во постапка која се спроведува со користење на електронски средства преку ЕСЈН?
Критериумот за доделување на договор за јавна набавка:
Што може да биде предмет на една јавна набавка?
Дали постапките кои се водат електронски треба да бидат рачно или дигитално потпшани?
Кој орган го донесува статутот на основното училиште?
Кој орган на основното училиште е одговорен за законитоста во работата и за материјално-финансиското работење на училиштето?
Програмата за развој на училиштето во основното образование ја подготвува:
Кој орган на основното училиште ја донесува програмата за развој на училиштето?
Колку трае мандатот на директорот на основното училиште?
По колку претставници од секоја паралелка има Советот на родители во основното училиште?
Орган одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на родители во основното училиште е :
Кој орган е одговорен за реализација на годишната програма за работа на основното училиште?
За остварување на правата и обврските на учениците е одговорен:
Во кои случаи се организира додатна настава во основното училиште?
Колкав е бројот на ученици во паралелката во основното училиште?
Во кој случај може да се формира паралелка во основното училиште, со помалку од 24 ученици?
Од колку члена е составен Органот на управување на основното училиште
Од колку члена е составен Органот на управување во средното училиште?
Од редот на претставниците на родителите на учениците, во Училишниот одбор на основното училиште се избира:
Колку члена од Училишниот одбор на основното училиште се претставници од основачот ?
Колку члена од Училишниот одбор на основното училиште се претставници од Министерството ?
Во Училишниот одбор на основното училиште како претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, се избираат:
Што сѐ опфаќа педагошката документација во основното училиште?
Кој е орган на управување во средното училиште?
Кој орган во средното училиште го сочинуваат единствено наставниците и стручните соработници на училиштето ?
Надлежен орган во средното училиште, кој им одобрува на учениците завршување две години во една учебна година, е:
Кој ја врши воспитно-образовната работа со учениците во ученичките домови?
Кој работи на педагошко-психолошките, библиотекарските и други работи со кои се придонесува во воспитно-образовната работа во ученичкиот дом?
Воспитувачите во ученичките домови можат да засноваат работен однос на определено време и без јавен оглас, доколку работниот однос не трае повеќе:
Кој раководи со ученичкиот дом?
Колку члена од Управниот одбор на ученичкиот дом, се претставници од воспитувачите и стручните соработници?
Претставници од основачот во Управниот одбор на ученичкиот дом, се:
Орган на управување на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, е:
Колку членови на органот на управување на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење се од редот на вработените?
Колку членови на органот на управување на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење се од Министерството за образование и наука?
Oрганот на управување на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење своите одлики ги донесува со :
Со какво мнозинство се донесуваат одлуките на училишниот одбор во основното училиште?
Кој орган го донесува Годишниот финансиски извештај за отворениот граѓански универзитет за доживотно учење?
Кој орган го донесува статутот на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење?
Претседателот на Управниот одбор на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење се именува со мандат од :
Кој орган на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, одлучува по приговорите и жалбите во врска со работниот однос на вработените?
Колку минимум години работно искуство, треба да има кандидатот за да биде именуван за директор на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење?
Колку години работно искуство треба да има кандидатот за да биде избран за директор на основно училиште?
Кои видови правни акти, претставуваат општи правни акти?
Кој е највисокиот правен акт во хиерархијата на правните акти на државата?
Кој има право да предлага донесување на закон во Собранието на Република Македонија?
Кој закон претставува општ закон (Lex generalis) со кој се уредуваат работните односи во однос на вработените во образованието?
Кој ја утврдува формата и содржината на Годишната програма за работа на основното училиште?
Кој орган на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, расправа и одлучува за стручни прашања поврзани за воспитно-образовната работа?
Секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, се подведува под:
   Во зависност од времето за кое се однесуваат, плановите се делат на:
   Во зависност од целите, планирањето може да биде:
   Дистрибутивниот и интегративниот пристап се:
   Клучните фактори кои влијаат на избор на иновациската стратегија се групирани во:
   Професионалните компетенции и стандарди на наставниците се однесуваат:
   Ако се работи за одлука со поголеми последици, одлучувањето треба да биде со:
Низ годините, односите ,„надреденост и подреденост“ отстапуваат место на односите за:
Кој е најважниот ресурс во една организација?
Работната ефикасност на нововработените наставници се зголемува со помош на работа сo:
Со што е поврзана културата на комуницирање во една организација?
Што прават одговорните за односи со јавноста во организацијата?
Во односите со јавноста,  активноста „Односи со вложувачи“ подразбира:
Кои вештини треба да ги поседуваат стручњаците за Односи со јавноста?
Медиумите со нивните информации директно влијаат на:
Традиционалниот став кон конфликтите е:
Непотребните конфликти треба да се:
Анализата на конфликтите НЕ содржи :
Еден од темелите на тимската работа е:
Како се постигнува менаџерската синергија?
Едно од темелните значења на тимската работа, е:
Што се очекува од членовите на тимот?
Секој член на тимот НЕ МОЖЕ:
Една од карактеристиките за добро водење на состанок, е:
За време на состанокот НЕ е дозволено :
Комуникацијата мeѓу соработниците на исто хиерархиско ниво би требало да биде:
Koи вработени од организацијата ќе присуствуваат на состанокот зависи:
Во процесот на планирање, поставувањето на организациските цели претставува:
За кој временски период се изработуваат среднорочните планови?
Мисијата на секое училиште промовира:
Плановите кои имаат стратегиски карактер припаѓаат на:
Визијата треба да ги содржи претставите за иднината:
Донесувањето на одлуки за работата на училиштето е најлесно во услови на:
Кој е прв чекор во процесот на одлучување?
Одлучувањето со консензус е посебно важно, ако се работи за одлука со кои се решава:
На професионалниот развој на наставниците директно влијаат:
Кој е последен период од професионалниот развој на наставниците?
Концепцијата за професионален развој на наставниците мора да соодвествува со реформите во воспитанието и образованието на:
Кој ја утврдува потребата од создавање на концепцијата за професионален развој на наставниците во училиштето?
Кои стандарди треба да ги поседува наставник–советник?
Една од функциите на директорот на училиштето, како педагошки раководител, е тесно поврзана со:
Инвенцијата е процес на:
Кои промени најлесно се воведуваат?
По кој редослед се фазите при воведување на промени?
Промената во училиштето има повеќе шанси да успее доколку постои:
Обезбедувањето на развој (иновации и промени) треба да биде:
Отпорот кон промената во училиштето би бил помал доколку:
   Што претставува начелото на законитост?
Завршната сметка на училиштата, се поднесува до основачот најдоцна до:
Имотот на претпријатиеото секогаш се искажува по:
На која веб локација се пристапува на Електронскиот систен за јавни нававки:
Кои се менаџерските функции?
Кои улоги се содржат во интерперсоналните улоги на менаџерот?
Авторитарното водство е:
Главен предуслов да се стане Еко-училиште е вклученост на:
Која е целта која треба да се постигне со анализа на состојбата на животната средина што го опкружува училиштето?
Организациската култура во училиштето е комбинација од:
Што од дадените алтернативи НЕ подразбира организациска култура:
Една од карактеристиките на функционална организациска култура е :
Што се подразбира под мултиетничка интеграција во образованието?
Директорите можат да ја поттикнат мотивацијата кај вработените преку користење:
Интегрирање на услугите и ресурсите на заедницата со училиштето, се нарекува:
Која од наведените карактеристики НЕ е одлика на училишниот систем?
Која од наведените алтернативи НЕ може позитивно да влијае врз организациската култура?
Што од наведеното НЕ претставува елемент на функционална училишна култура?
Определи кои фактори НЕ влијаат врз развојот на здравата организациска клима.
Што од наведеното НЕ може да изврши дефинирање на менаџментот?
Какви вештини треба да имаат менаџерите?
Што НЕ спаѓа во структурата на водството?
Кој ја подготвува програмата за работа на директорот на училиштето?
Поканата за советување на родителите на ученици во основно училиште треба да се достави до родителот/старателот на ученикот најмалку:
Според Фулан, колку сегменти на промени постојат внатре во училниците?
Организациската култура во училиштето е комбинација од:
Со што се воспоставува системот на функционирање на едно училиште во нашиот образовен систем?
Која е улогата на еден успешен директор?
Кои се конкретните задачи на педагогот во училиштето?
Кои обврски и задачи ги има секретарот на училиштето?
Која е основната задача на директорот на почетокот на школската година?