dic

октомври 15, 2020

Информација за 23-та испитна сесија во 2020 година (Oктомври)

Ве информираме дека 23-та испитна испитна сесија (октомври 2020 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр. 10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – од 27.10.2020 (од 15:00 ч.)
  • Втор дел на испитот – 29.10.2020  (од 15:00 ч.)
  • Трет дел на испитот –31.10.2020  (од 9:00 ч.)

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот од 19.10.2020 – 26.10.2020 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на  Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *