Директор
М-р Благица Павловска е родена 7ми април 1982 година во Скопје.
Дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се стекнува со звање Професор по филозофија.
Во 2015 година завршува последипломски студии од областа на економските науки на Економскиот институт-Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје и се стекнува со звање Магистер по економски науки.
Кариерата ја започнува од 2003-2004година во тогашниот сектор за Евроатлански интеграции при Министерство за Одбрана ангажирана по договор на дело.
Започнувајќи од месец Септември 2005 година е во работен однос како Професор по филозофија во СУГС „Кочо Рацин“- Скопје
Во 2018 година станува раководител/Директор на Средното училиште на Град Скопје „Кочо Рацин“ до октомри 2022 година.
Во 2022 год. продолжува како Професор по филозофија во истоименото училиште.
М-р Благица Павловска има долгогодишно работно искуство во областа на образовнието има посетувано обуки за унапредување на наставниот процес, имплементација и реализација на настава преку дигитални образовни технологии итн.
М-р Благица Павловска активно се служи со Англискиот јазик (TOEFIL ibt)
Во 2018 год. се стекнува со Лиценца за директор издадена од Државен испитен центар,
Во 2019 година се стекнува со Лиценца за инспектор од Државен Просветен Инспекторат, Инспекцицски совет,
М-р Павловска се здобива и со Лиценца за Раководител/ Положен испит за административно управување/Министертво за информатичко општество и администрација во 2021 година.