Надлежности

Надлежности

Некои од надлежностите на Државниот испитен центар се:

  • дадава поддршка на процесот на екстерно проверување на постигањата на учениците и наставниците во основните и средните училишта;
  • да подготвува национална програма за екстерна евалуација на основното и средното образование согласно европските стандарди;
  • да ги прибира, обработува и да врши анализа на резултатите од тестирањето за проверувањето на постигањата на учениците во основното и во средното образование;
  • да изготвува ранг-листи на наставници од основните и средните училишта, согласно резултатите од екстерното проверување, самоевалуацијата и интегралната евалуација;
  • да изготвува ранг-листи на стручни соработници од основните и средните училишта, согласно резултатите од професионалните досиеја;
  • да го развива и одржува информацискиот систем за вреднување на постигањата на учениците во основното и средното образование, како и за вреднување на постигањата на учениците на екстерните испити во државната матура;
  • да учествува во подготовката на концепцијата за матура и завршни испити во средното образование;
  • да изготвува тестови за екстерните испити во државната матура;
  • да врши обука на членовите на државните предметни матурски комисии, како и училишните комисии за екстерното проверување на постигањата на учениците во основното и во средното образование;
  • да обезбедува заштита на тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата и чувањето на испитниот материјал;
  • да врши обука на кандидатите за директори на основни и средни училишта и да го спроведува испитот;
  • да го спроведува испитот за директори на основните и средните училиша и издава уверенија на кандидатите кои го положиле испитот.