dic

декември 11, 2018

Информација за обука за кандидати за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење

Ве информираме  дека на 15.12.2018 година (сабота)  согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), започнува обука со нова група кандидати, која ќе се одвива на македонски јазик.
Обуката е предвидена да се одржи во ДСУ „Св. Наум Охридски“ од 9.00 часот.
Адреса: ул. „Васил Ѓоргов“ б.б., Скопје 1000, Македонија

Новости
About admin