dic

април 24, 2018

Информација за испитна сесија во мај 2018 година

Ве информираме дека испитната сесија во мај 2018 година за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 03.05.2018  (од 17 ч.)
  • Втор дел на испитот – 10.05.2018  (од 17 ч.)
  • Трет дел на испитот – 14.05.2018  (од 8:00 ч.)

Ги молиме кандидатите за испит да ги достават комплетните документи во Државниот испитен центар најдоцна до 14:00 часот на 30.04.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“  на Бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin