dic

октомври 9, 2020

Известување за кандидатите кои сакаат да го обноват уверението за директор

Кандидатите кои се стекнале со уверение за директор до 30.09.2016 година, доколку сакаат да го обноват уверението, ќе треба да се пријават за обновување согласно насоките дадени на веб страата на ДИЦ, најдоцна до 01.11.2020 година.

Имено, Согласно уредбата од Владата на Република Северна Македонија, донесена на 12 мај 2020 година, за кандидатите кои се стекнале со уверение за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, согласно прописите кои важеле до денот на отпочнувањето на примената на Законот за обука испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15, 145/15,192/15, 30/16, 120/18 и 140/18), важноста на уверенијата се продолжува за онолку денови колку што траела вонредната состојба, односно до 07 декември 2020 година.

Новости
About admin