Управен одбор

УПРАВЕН ОДБОР НА ДРЖАВНИОТ ИСПИТЕН ЦЕНТАР

 

СОСТАВ

Управниот одбор на Државниот испитен центар, согласно член 5, став 2 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник  на Република Македонија“ бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18), се состои од седум члена од кои еден е претседател, а истите ги именува и разрешува Владата на Република Македонија имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците на чии јазици и писмо се остварува наставата во основното и средното образование.

Со Решението на Владата на Република Македонија, бр.24-3178/2, доне­се­но на 05.04.2016 година, Решението за разрешување и именување членови на УО на ДИЦ бр.24-198/1 од 26.12.2017 година, објавено на 10.01.2018 година и Решението за разрешување и именување чле­но­ви на УО на ДИЦ бр.24-4009/1 од 03.04.2018 година, објавено на 13.04.2018 година, именувани се претседател и членови на Управ­ни­от од­бор на Државниот испитен центар, во следниот состав:

  1. Претседател на Управниот одбор на Државниот испитен центар
  • Хикмете селмани, вработена во Министерството за образование и наука

 

  1. Членови на Управниот одбор на Државниот испитен центар
  • Билјана Михајловска, вработена во Државниот испитен центар
  • Трајанка Аврамоска, вработена во Државниот испитен центар
  • Ајше Ајрулаи, вработена во Бирото за развој на образованието
  • Муса Зука, вработен во Бирото за развој на образованието
  • Азра Тутиќ, вработен во Центарот за стручно образование и обука
  • Ицко Ѓоргоски, претставник на Интеруниверзитетската конференција

 

Претседателот и членовите на Управниот одбор се именуваат со мандат од шест години и можат само уште еднаш повторно да бидат именувани.

 

НАДЛЕЖНОСТИ

Управниот одбор на Државниот испитен центар, согласно член 7 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник  на Република Македонија“ бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18), ги има следниве надлежности:

  • го донесува статутот на Државниот испитен центар;
  • ја донесува годишната програма за работа на Државниот испитен центар и ја доставува до Министерството за образование и наука и до Владата на Република Македонија најдоцна до 31 јануари;
  • jа донесува завршната сметка;
  • го донесува годишниот извештај за работењето на Државниот испитен центар и го доставува до Министерството за образование и наука и до Владата на Република Македонија најдоцна до 31 јануари;
  • дава согласност на актите за организација и работа и систематизација на работните места на Државниот испитен центар;
  • одлучува по приговорите во врска со работниот однос на вработените во Државниот испитен центар;
  • донесува деловник за својата работа и
  • врши други работи утврдени со Статутот.