dic

јуни 3, 2020

СООПШТЕНИЕ

Поради состојбата со COVID 19, пролетната испитна сесија 2020 година за стручниот испит за наставници и стручни соработници СЕ ОДЛОЖУВА за наредната учебна година, односно веднаш штом ќе започне редовна настава во училиштата.

Документите поднесени во Државен испитен центар за пролетната испитна сесија од страна на кандидатите ќе бидат важечки и нема потреба од дополнително пријавување.

Кандидатите што во меѓувреме ги исполниле условите за полагање, ќе имаат можност да се пријават за редовната есенска испитна сесија за која дополнително ќе следи објава на веб страната на Државен испитен центар.

Новости
About admin